Comments Box SVG iconsUsed for the like, share, comment, and reaction icons

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ ЗА ГЕВГЕЛИЈА НА АНГЛИСКИ

Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, од печат излезе Gevgelija Unveiled: A First-Time Visitor’s Handbook – туристички водич во кој на англиски јазик се претставени природните убавини и културните знаменитости на Гевгелија и регионот.
Целта на водичот е да ги запознае странските посетители на Гевгелија со основни податоци за нејзината културна историја и традиција, археолошките особености, актуелните културни манифестации, духовниот живот низ вековите, природата, храната и сите други нешта и подробности кои ја прават Гевгелија автентична и репрезентативна туристичка локација.
Покрај содржината посветена на културното и природното наследство, во водичот има и кратки прегледни информации за културните и спортските институции и друштва, кратки биографски белешки за историски личности од Гевгелија и регионот, како и за актуелни манифестации.
Изданието има 44 страници и вклучува 24 фотографии во боја.
Автор на текстот е Стефан Марковски, а автор на фотографиите е Димитар Новаков.
... See MoreSee Less

4 weeks ago
View Comments likes Like 0 Comments: 0 Shares: 0
ИЗЛЕЗЕ ОД П

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1963 ГОДИНА, УМРЕ ЃОРЃИ АБАЏИЕВ, МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ,ИСТОРИЧАР И ПУБЛИЦИСТ,РОДЕН ВО СТАР ДОЈРАН 1910 ГОДИНА.

Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопејата на Ножот„“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Уште како дете со неговите родители, за време на Првата балканска војна, се преселил во Горна Џумаја (Благоевград). Таму завршил основно образование и гимназија. Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) заедно со Никола Вапцаров, Антон Попов, Ангел Жаров, Тодор Јанев, Кирил Николов, Асен Ведров, Антон Великов, Иван Керезиев и Васил Александров. Подоцна стануваат членови Коле Неделковски и Венко Марковски, и член на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.
... See MoreSee Less

2 months ago
View Comments likes Like 4 Comments: 0 Shares: 0
НА ДЕНЕШЕН

ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА Б ДИВИЗИЈА - М16 ВО ГЕВГЕЛИЈА И СКОПЈЕ

Од 6 до 15 август, во Гевгелија и во Скопје ќе се одржи Европското првенство во кошарка Б дивизија за играчи до 16 години. Вкупно 22 екипи ќе се натпреваруваат за круната во Дивизија Б. Тие се поделени во четири групи, две групи од по пет и две групи од по шест екипи:
Група А: Словачка, Ирска, Португалија, Црна Гора, Холандија.
Група Б: Македонија, Украина, Швајцарија, Хрватска, Исланд, Кипар.
Група Ц: Шведска, Норвешка, Бугарија, Финска, Босна и Херцеговина, Луксембург.
Група Д: Данска, Австрија, Унгарија, Естонија, Велика Британија.
Натпреварите од групите А и Б ќе се играат во Гевгелија, во спортската сала „26 Април“. Првенството за кадети се очекува да биде еден од најзначајните спортски настани во 2026 година. Настанот се смета за можност за промоција на спортот, младите таленти и спортската инфраструктура во земјата. Се очекува настапот на домашен терен да биде дополнителен мотив за младите македонски кошаркари во борбата за висок пласман
... See MoreSee Less

2 months ago
View Comments likes Like 1 Comments: 0 Shares: 0
ЕВРОПСКОТОImage attachment

СВЕТИ ИЛИЈА : КЛУЧАР НА НЕБОТО, ПРОРОК КОЈ ПАЛИ И ГАСИ НА НЕБОТО И НА ЗЕМЈАТА.

За многу години денешниот празник.Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо...
Во Гевгелиско се сметало дека Св. Илија е сред лето. Исто така овој ден се сметал за тежок празник и тогаш никој не работел зашто тој бил „аталија – може да те млʼсне и тресне“. Народот верувал дека св. Илија секогаш држи во раката некој буздоган и со него ја брка ламјата, а кога го фрла буздоганот, тогаш треска, удира гром. Народот верувал и тоа дека и св. Илија како и св. Андон може да лекува некои болести поради што многумина ги земале од црквата иконите на св. Илија и ги држеле кај болниот. Исто така и му ветувале нешто за болниот да оздрави.
Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плаши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе суди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размилсува.
... See MoreSee Less

2 months ago
View Comments likes Like love 1 Comments: 0 Shares: 0
СВЕТИ ИЛИЈ�Image attachment
Прикажи повеќе

Телевизија Нова 12 - Во живо

Телевизија Нова 12 - Музички канал

Видео емисии